Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, нема да ја продолжи кариерата во Њукасл, а причината за одбивањето на богатата понуда е неговата сопруга Ванда, која има бизнис-проекти во Париз и нема намера да го напушти главниот град на Франција.
Икарди нема голема минутажа сезонава, конкуренцијата во нападот е многу силна. Затоа новите сопственици на премиерлигашот се надеваа дека ќе ја искористат ситуацијата и ќе го донесат Аргентинецот, но од тоа нема ништо.
Икарди има договор со Светците до 2024 година, а дури и ако си замине пред истекот на договорот, тоа не би било во Англија, туку во Италија или некоја друга земја каде што времето е потопло, бидејќи тоа е желба на жена му, која го води главниот збор.