Бракот на Мауро Икарди и Ванда Нара е во голема криза. Популарната Ванда која е и менаџер на Мауро, вечерва преку својот инстаграм профил порача „Уште едно семејство кое го уништи поради една ку*ва“. Пораката на Ванда може да ја видите ТУКА. Веднаш потоа Ванда го „избриша“ Мауро од листата на пријатели на Инстаграм.
Веднаш по откривање на оваа афера, започна трагањето по тоа која е девојката со која Мауро ја извршил прељубата. Според првите пишувања, се работи за пријателка на Ванда која се вика Марија Евгенија Суарес.
View this post on Instagram
Тоа е Аргентинка која е позната како пејачка, водителка и модна дизајнерка. Има 29 години и три деца.
View this post on Instagram