Холандскиот прволигаш НЕК Најмехен комплетно го затвори стадионот „Гоферт“ по завчерашниот инцидент, кога се урна предниот дел од трибината на која навивачите на Витесе ја славеа победата од 1:0.
За среќа, немаше жртви и сериозни повреди кај гостинските навивачи на стадионот што е пуштен во употреба во 1939 година, а последен пат е реновиран пред 14 сезони.
https://twitter.com/VideosVitesse/status/1449747015714418688?s=20
НЕК сега ќе се обиде да направи нова реконструкција, односно да ја реновира спорната трибина, чиј преден дел комплетно попушти, а дотогаш ќе бара чаре домашните натпревари во Ередивизија да ги игра на друг стадион.