Србија добива национален стадион вреден 257 милиони евра (Фото)

Србија во 2025 година треба да го добие својот национален стадион, а активностите на неговата изградба би можеле да започнат наскоро, објавија од Миниестерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, како и од урбаниот завод на Белград. Изградбата на овој убав стадион ќе чини дури 257 милиони евра.

„Идниот стадион ќе се наоѓа во делот на градската општина Сурчин, во делот на полето Сурчин, источно од државниот пат, во близина на обиколницата околу Белград. Тоа ќе биде еден од најмодерните стадиони, од таканаречената категорија 4, определена од УЕФА, ќе биде изграден на вкупно 114 хектари државно земјиште, а објектот ќе треба да одговара на многу прецизни и строги стандарди на УЕФА и на ФИФА“, истакна Божидар Бојовиќ од заводот.

Идниот национален стадион на кој нема да играат клубови туку само репрезентацијата треба да го носи името „Србија“, а во него ќе се смести и Фудбалската федерација на Србија (ФСС). Ќе има и трговски центар, фудбалска академија и музеј на ФСС. До стадионот ќе води и една редовна линија за воз.

- Оглас -

Најнови вести