Антоан Гриезман стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кому му успеало да постигне два погодоци, а потоа и да добие црвен картон.
На Французинот тоа му успеа вечерва против Ливерпул, во мечот кој заврши со победа на гостите од 2:3.
Гостите поведоа преку Мохамед Салах и Наби Кејта во почетните минути, а потоа Гриезман во 20-тата и 34-тата минута донесе израмнување, со што се замина на полувреме.
Во продолжението, Французинот направи груб фаул, по што доби исклучување. Играчите на домашниот тим не успеаја со играч помалку да ги издржат налетите на гостите, кои преку Салах со удар од пенал дојдоа до победата од 3:2.
2-2 – Liverpool have both scored and conceded twice in the first half of a UEFA Champions League match for the first time. Desmond. pic.twitter.com/5T8wmiqvXS
— OptaJoe (@OptaJoe) October 19, 2021