Се крои нова револуцијата во фудбалот: Бразил и Аргентина ќе станат „дел од Европа“?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) во соработка со јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) кројат идеја репрезентациите на Бразил и Аргентина, да се приклучат во Лигата на нации.

Оваа идеја веќе подолго време „срамежливо“ се најавува, но сега веќе започнува стартот на реализацијата. Засега не се знае на кој начин Бразил и Аргентина ќе се приклучат на Лигата на нации, но најверојатни се две опции. Едната е двата јужноамерикански гиганти да се приклучат во завршницата и тоа заедно со двете најдобри селекции од Европа, додека другата е поверојатна.

Четирите најдобри репрезентации во Европа, заедно со Бразил и Аргентина ќе формираат две групи од по три репрезентации и двете најдобропласирани ќе одат во полуфиналето. Тоа значи дека финалистите ќе треба да одиграат по четири натпревари, а не како што е сега, кога се играат само два меча во завршницата (полуфинале и финале).

Франција е актуелен победник во Лигата на нации, откако во финалето, во драматичен меч ја победи Шпанија со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести