Директорот на клубот со нож избоде играч поради вреќа брашно (Видео)

Директорот на бразилскиот нисколигаш Ново Арипуана со нож нападна и повреди еден фудбалер по една расправија во соблекувалната. Според шпекулациите, целата расправија се случила поради една вреќа брашно.

Фудбалерот добил пакет храна, а потоа го обвини директорот дека му украл една вреќа брашно. Тогаш се случил и инцидентот, а претпоставениот во клубот, лут поради обвинението дека е крадец, извадил нож и го повредил фудбалерот. За среќа, повредата не е смртоносна.

Во овој бразилски клуб веќе подолго време владее лоша атмосфера поради неиспалтените плати, но и поради слабите резултати затоа што Ново Арипуана во последните пет меча претрпе пет порази со гол-разлика од нула постигнати голови и дури 33 примени.

 

- Оглас -

Најнови вести