Каква штета – Депресија го уништува 19-годишниот фудбалски бисер, размислува да ја прекине кариерата

Голем проблем со депресија има 19-годишниот фудбалски бисер Мохамед Ихатарен, кој е еден од најголемите таленти во Европа во неговата класа.

Ихатарен моментно не игра откако и буквално побегна од Италија, каде што е член на Јувентус, но летоска замина како позајмен фудбалер во Сампдорија.

Јувентус го купи Ихатарен од ПСВ Ајндховен за 1,9 милиони евра.

Се врати во Холандија и моментно не игра фудбал, а дури размислува и да ја заврши кариерата. Проблем е депресијата, а причина е смртта на татко му пред две години.

Велат дека Мохамед тешко ја прифатил семејната трагедија и смртта на таткото и дека оттогаш не може да се врати во нормален колосек.

Од Јувентус и од Сампдорија сè уште не соопштиле што планираат со 19-годишниот играч со холандски пасош, чиј менаџер е познатиот Мино Рајола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести