Дуелот меѓу Уганда и Кенија заврши 1:1 во меч од африканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. Домаќините беа фаворити за победа, но Кенија прва даде гол и поведе со 1:0 во 62-рата минута.
Уганда од пораз се спаси со погодок во 89-тата минута, и тоа по една неверојатна грешка на гостинскиот голман. Топката беше во нозете на голманот, кој немаше ниту еден играч на 10-тина метри од него.
Во еден момент се стрча еден противнички фудбалер и успеа да му ја одземе топката пред голманот да ја фати во рацете, па Уганда израмни на 1:1.
Видеото може да го видите ТУКА.