Репрезентацијата на Данска игра перфектни квалификации за Светско првенство. Во девет меча, Данците имаат исто толку победи и веќе се сигурни патници на Мундијалот во Катар.
Со 30 дадени голови и само еден примен, Данците само ја потврдија доминацијата во групата во која се Шкотска, Израел, Австрија, Фарски Острови и Молдавија. Вечерва се игра последното коло од оваа група, а Данска гостува кај Шкотска.
Шкотите се сигурни на второто место и ќе играат во баражот, па иако мечот во Глазгов е без поголемо резултатско значење, може да биде историски за Данска. Низ историјата на квалификациите за Светските првенства, само две репрезентации успеале да имаат перфектен биланс.
Тоа им успеало само на Шпанија во квалификациите за СП 2010 и на Германија во квалификациите за Мундијалот во 2018 година. Вечерва Данска има шанса да биде трета селекција со перфектен биланс во квалификации за планетарен собир. Потребна им е победа на гости против Шкотска, што ќе биде тешко ако се знае дека оваа Шкотска нема пораз на свој терен во последните 10 средби.