Играа Дончиќ против Јокиќ, а блесна и трет европски кошаркар (Видео)

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, двете најголеми европски кошаркарски ѕвезди, играа еден против друг во НБА-лигата, а на крајот Далас на Лука го победи Денвер со Никола на теренот.

Иако сите очекуваа ова да биде дуел на двете најголеми европски ѕвезди, на теренот блесна трет кошаркар од Европа. Литванецот Кристапс Порзингис веќе трет меч во низа игра одлично и токму тој е најзаслужен што Далас победи со 111:101.

Порзингис беше прв стрелец на Далас со 29 поени, а имаше и 11 скока. Во последните три меча, просекот на Литванецот е 27 поени и 10 скока. Дончиќ одигра стандардно и заврши со 23 поени, 11 асистенции и осум скока, што значи дека му фалеа само два скока за да има трипл-дабл.

Јокиќ продолжи со МВП настапите и заврши со 35 поени, 16 скока и шест асистенции, плус две блокади.

За Далас ова беше петта победа во последните шест меча и сега е на третото место на Западот со скор 9-4. Денвер е веднаш зад Маверикс со скор од 9-5.

Резултати од мечевите одиграни утрово: Кливленд – Бостон 92:98, Детроит – Сакраменто 107:129, Вашингтон – Њу Орлеанс 105:100, Атланта – Орландо 129:111, Њујорк – Индијана 92:84, Далас – Денвер 111:101, Мемфис – Хјустон 136:102, Минесота – Феникс 96:99, Оклахома – Мајами 90:103, Портланд – Торонто 118:113, ЛА лејкерс – Чикаго 103:121.

- Оглас -

Најнови вести