Нирнберг три месеци без победа, загуби и од Волфсбург

Волфсбург го совлада Нирнберг со 2:0 во првиот меч од 15. коло во германската Бундеслига. Стрелец на водечкиот гол беше Даниел Гинцек во 58 минута, а точка стави Хрватот Јосип Брекало во 94. минута. Овие два тима се немаа сретнато пет години.

За Гинцек ова е шести погодок сезонава (четири му се на гости), а за Волфсбург ова е шеста победа, и тимот е на осмо место на табелата, додека Нирнберг е 15-ти. Нирнберг не знае за победа во лигата уште од крајот на септември (црна серија од девет меча без победа), а „волците“ покажаа дека се незгоден гостин.

 

 

- Оглас -

Најнови вести