Македонскиот каратист Емил Павлов се закити со сребрениот медал на Светското првенство кое се одржа во Дубаи. Павлов во финалето се бореше против олимпискиот првак Стивен Дакоста од Франција и загуби со 8:0.
Иако не успеа да стигне до златото, Павлов направи историски успех, затоа што ова е само втор медал за Македонија од Светските карате првенства. Прв со медал се закити Жарко Арсовски на планетарниот собир во 2010 година.
Павлов е двократен европски првак од Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, а двапати го освојуваше и бронзениот медал во Монпелје 2016 и Гвадалахара 2019.