Данил Медведев се пласираше во финалето на завршниот тениски Мастерс турнир во Торино, откако без многу проблеми со 6:4, 6:2 славеше над Каспер Руд. Русинот е актуелен бранител на трофејот на Мастерсот кој според вредноста е веднаш зад четирите Гренд слем турнири.
Во првиот сет, Медведев брз направи брејк и поведе со 3:1 во гејмови, па го доби првито сет со 6:4. Во вториот сет, фаворитот уште полесно го скрши отпорот на противникот, па вториот сет го доби со 6:2.
FINAL BOUND 🔒
🇷🇺 @DaniilMedwed beats Ruud 6-4, 6-2 to reach back-to-back finals at the #NittoATPFinals 👏 pic.twitter.com/aJosxtxxIn
— ATP Tour (@atptour) November 20, 2021
Во финалето, Медведев ќе го чека подобриот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Александер Зверев.