Прандели има само една дилема, како да се најде место за Пандев против Рома

Чезаре Прандели имаше многу проблеми на стартот од новата авантура, како тренер на Џенова, но сепак успеа да не загуби од Спал на дебито, иако неговиот тим имаше играч помалку од 11. минута, а само 360 секунди подоцна и негатива од 0:1.

Горан Пандев не доби шанса да игра, но најдобриот стрелец во Серија А, Кшиштоф Пјонтек израмни на 1:1 за еден бод, а вечерва можно е двајцата во тандем да играат против Рома.

Прандели особено го цени капитенот на македонската репрезентација. При доаѓањето во Џенова, како нов тренер на тимот, прво разговараше со Пандев и сега тој му ја создава најголемата дилема, односно како да се најде место за Гоче во стартната постава против Рома.

Дилемата на Прандели е дали да почне со Лазовиќ, или со Пандев. „Олимпико“ му е одлично познат терен на македонскиот репрезентативец. Играше за големиот ривал на Рома, за Лацио, но и за останатите клубови за кои настапуваше во Серија А (Интер, Наполи и сега Џенова) секогаш играл добро против „римската волчица“.

Мечот се игра од 20.30 часот вечерва.

 

- Оглас -

Најнови вести