Адеми не игра против Хајдук, се прости ли капитенот од Динамо?

Аријан Адеми веројатно го одигра последниот меч за Динамо Загреб, против Славен Белупо во купот на Хрватска, а капитенот денеска речиси сигурно нема да настапи на големото дерби со Хајдук.

Таква е најавата во хрватските медиуми, кои додаваат дека Адеми веројатно ќе си замине во зимскиот преоден рок.

За негов ангажман беше заинтересиран Лил, на „Максимир„ за дуелот со Андерлехт во четвртокот беа пристигнати скаути од неколку клубови, заинтересирани за Адеми, иако тој не настапи поради жолти картони, па многу веројатна е варијантата капитенот на Динамо да си замине.

Вечното хрватско дерби се игра денеска од 15 часот во Загреб.

 

 

- Оглас -

Најнови вести