Елмас е сведок на историја, Марадона доби прекрасна статуа во Неапол (Фото)

Пред мечот меѓу Наполи и Лацио кој е во тек имаше прекрасна церемонија во чест на легендарниот Диего Армандо Марадона, а претставена беше статуа на стадионот што го носи неговото име.

Марадона е божество во Неапол и успеа со легендарната десетка на грбот да им донесе две титули во 1987 и во 1990, единствени што ги има клубот во Серија А.

Елмас е резерва, а Наполи веќе води со 2:0 со головите на Зјелински и Мертенс во седмата и десеттата минута.

- Оглас -

Најнови вести