Дуелот помеѓу ракометните екипи на Врбас и Колубара од српската Супер Б лига Север-Центар, кој заврши со победа на домашните од 27-26, се најде во сите медиуми во регионот поради големата тепачка која се случи на паркетот во 53-та минута од средбата при 24-23 за Колубара.
Домашен играч, со кроше го нокаутираше гостинскиот играч, но за да му врати што неколку секунди претходно, тој го удри со лакт во лицето. Ова беше знак за почеток на масовна тепачка во која не се знаеше кој кого удира, а летаа и предмети од трибините.
Откако се смирија страстите, мечот продолжи, а на крај, откако заврши натпреварот, дури и спортски се поздравија.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) November 29, 2021