СПАЛ и Киево не заслужија ниту по бод

СПАЛ и Киево за 94 минути фудбал, одиграа без голови на отворањето на денешната програма во Серија А, во натпревар на кој присутните на стадионот „Паоло Маца“ во Ферара немаа што да видат. Најголемата шанса за домашните беше во 93 минута, кога искусниот Флокари ја погоди пречката.

Иако имаше повремени шанси на двете страни, играчите како да се плашеа од пораз, и не падна гол, бидејќи ветераните не беа расположени. Од четворицата стартни напаѓачи во двата тима, најмладиот имаше 33 години.

СПАЛ нема победа од 20 октомври наваму, но со новиот бод, се задржува надвор од зоната на испаѓање, додека за Киево ситуацијата е критична. „Летечките магариња“ од Верона немаат ниту една победа сезонава и засега се заковани на дното на табелата, па за нив и овој бод освоен на гостински терен е вреден.

- Оглас -

Најнови вести