Даде гол со „ножички“, но новиот полуавтоматски офсајд на ФИФА го поништи (Видео)

Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши да го тестира новиот полуавтоматски офсајд и тоа на Арапскиот куп во Катар. се работи за нова технологија во ВАР системот за детектирање на офсајд позиции.

Поставени се камери на кровниот дел од стадионот, кои имаат за задача да ги следат движењата на фудбалерите и потоа да ги известуваат судиите кога играчот е во недозволена ситуација.

На денешниот меч меѓу Мауританија и Обединети Арапски Емирати, беше постигнат спектакуларен гол во 69 минута, но потоа беше поништен. Играчот на УАЕ, Али Салех со „ножички“ ја затресе мрежата на противникот, но радоста негова траеше кратно.

Новиот полуавтоматски систем за офсајд сигнализираше недозволена ситуација и погодокот беше поништен. На крајот, УАЕ сепак победи со 1:0 и тоа со гол во 93 минута.

- Оглас -

Најнови вести