Две дерби на СП: Данска – Германија и Шпанија – Бразил решаваат за првите места

Последното коло од главната групна фаза започнува денеска на ракометното светско првенство за жени. По досега одиграните мечеви, Данска, Германија, Шпанија и Бразил се со перфектен учинок и редат само победи.

Токму денеска овие селекции ќе играат меѓусебе, за да одлучат кој ќе биде прв во групната фаза. Во Група 3 ќе играат Данска – Германија, а првото место во Група 4 ќе се знае по дуелот Шпанија – Бразил.

Данска и Германија во последните осум меѓусебни меча имаат израмнет биланс. Двете селекции се радувале по три пати, а две средби завршиле нерешено. Денска, Данска ја има улогата на фаворит.

Шпанија како домаќин на Мундијалот е со предност во дуелот против Бразил, а и традицијата е на страна на Црвената фурија, која има четири победи и едно реми во последните пет меѓусебни дуели.

Сите мечеви од овие две групи ги има и во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести