Дурантула е закон во Бруклин, ќе го врати на терен антиваксерот Кајри Ирвинг

Кевин Дурант е клучниот човек во најавениот камбек на антиваксерот Кајри Ирвинг во НБА-лигата, а тоа ќе се случи наскоро, објавија американските медиуми.

Во игра се три опции, а заложбата и влијанието на популарниот Дурантула веројатно ќе ги победи сите ковид-19 закони што ги изгласа Њујорк.

Првата опција е малку веројатна, а тоа е Кајри Ирвинг да попушти и да се вакцинира за да може непречено да игра.

Втората исто така е само во доменот на теоријата и предвидува државата Њујорк да ги смени правилата и да му дозволи на одличниот бек на Бруклин нетс да игра без да биде вакциниран.

Третата варијанта е најверојатна, а тоа е под притисок на Дурант и на соиграчите кои бараат Ирвинг да игра, а во таков случај клубот мора да ја симне забраната за присуство на тренинзи на Олстар-бекот и тој да игра само на натпреварите на гостински терен, односно каде што Њујорк нема јурисдикција.

Ирвинг нема играно сезонава за Бруклин нетс, а клубот одлучи да ги почитува препораките на државата Њујорк и не му дозволува да тренира, ниту да игра за тимот на гостувањата и во држави што немаат строг закон за невакцинираните спортисти.

 

 

- Оглас -

Најнови вести