Италијанска работа: Федерацијата сред сезона ќе го исфрли тимот од Серија А каде што игра Рибери

Во екот на сезоната, Италијанската фудбалска федерација ја разгледува можноста за исфрлање на Салернитана од Серија А.

Клубот каде што настапува легендарниот Франк Рибери е под сериозна закана да биде вратен дури во четврттата лига, поради тоа што Клаудио Лотито, кој е газда и на Лацио, не смее да биде сопственик на два тима во најсилната лига на Апенините.

Тој има рок да го продаде овој тим до 31 декември, но засега нема никакви понуди, а има само неколку дена на располагање.

Салернитана во моментов се наоѓа на последното место само со осум освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести