Одби 180.000 евра за да направи кариера во Црвена ѕвезда, а сега работи како магационер

Чудни се фудбалските патишта, а некогашниот фудбалски репрезентативец на Либерија, Омега Робертс има за што да жали.

Робертс реши да дојде во Србија во 2011 година, кога започна во тимот на Слобода од Ужице. Добрите игри го препорачаа да стане дел од најтрофејниот клуб Црвена ѕвезда.

Во 2013 година, Робертс добил понуда да игра за Маниса во Турција и тоа за сума од 180.000 евра годишно, но стоперот решил да остане во Црвена ѕвезда надевајќи се дека Црвено-белите ќе му бидат отскочна даска во кариерата. Со плата од 5.000 евра во Црвена ѕвезда не ја имал посакуваната финансиска поткрепа, но откако си замина од клубот од Љутица Богдан, Робертс никогаш повеќе не ја доби посакуваната финансиска понуда.

Играше за Младост од Подгорица, Борац Чачак, Долни Срем, Нови Пазар… На 31 година, Робертс кој има и осум настапи за Либерија, реши да ја заврши кариерата и сега има сосема поинаква работа од фудбалот. Работи како магационер во една приватна фирма во Србија, а тој е благодарен што доби шанса за нов почеток и тоа да работи како магационер.

„Ми понудија да се вработам во компанијата. Како некој што младоста ја помина на фудбалскиот терен, оваа компанија за мене преставува посебен предизвик. План ми е од една Црвена ѕвезда, сега да станам ѕвезда во оваа компанија“, напиша Робертс на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести