Заврши слатката 7-ца за Ливерпул против Тотенхем, на ремито најмногу се радува шампионот (Видео)

Ливерпул не успеа осмипат по ред да го победи Тотенхем, откако вечерва во дербито на 18. коло во Премиерлигата двете екипи ремизираа 2:2.

Ливерпул пристигна во Лондон со прекрасна серија од 7 победи по ред против Спарс, но почна со негатива во раната фаза од мечот.

Хари Кејн погоди за домаќините во 13. минута за 1:0, па потоа Деле Али не успеа од зицер ситуација да го надмудри Алисон Бекер за двојна предност.

Казни Диого Жота со израмнување во 35. минута, а комплетен пресврт направи Робертсон со гол во 70. минута.

Сон Хјунг-Мин израмни на 2:2 во 74. минута, а Спарс потоа играа и со фудбалер повеќе по исклучувањето на Робертсон, но во последните 15-на минути не успеаа да постигнат победнички гол и да ја прекинат црната серија од 8 меча без победа против Ливерпул.

 

 

- Оглас -

Најнови вести