Еве зошто Алисон Бекер е толку добар – Има одбрана што не се гледа со голо око (Видео)

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер уште еднаш потврди дека е светска класа со исклучително атрактивна и ефектна одбрана во 30. минута против Тотенхем.

Бразилецот се бранеше во ситуација еден на еден со Деле Али и со парада успеа да ја допре топката со врвот на ракавиците и да спречи голема предност на Тотенхем од 2:0 по половина час игра.

Претходно, Хари Кејн погоди за 1:0, а колку е значајна одбраната на Бекер се потврди само пет минути подоцна, бидејќи Диого Жота израмни на 1:1 за Ливерпул.

Прекрасната интервенција на Бекер можете да ја погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести