Динамо е како Баерн Минхен: Купи играч за три милиони евра од големиот ривал во Хрватска

Динамо Загреб продолжува со своите одлични тргувања на трансфер пазарот.

Тимот каде што настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, купи играч од Осијек за три милиони евра.

Станува збор за најдобриот фудбалер на овој тим, Петар Бочкај којк игра на позицијата крило.

Динамо со години е неприкосновен во својата држава, идентично како и Баерн Минхен во Германија, па може да си дозволи вакви „луксузни“ трансфери, какви што останатите тимови од Екс-ју просторите можат само да сонуваат.

„Модрите“ играаат добро во досегашниот тек од сезоната, а главната цел, тоа е пласман во елиминациите од Лигата на Европа се остварени.

- Оглас -

Најнови вести