Мурињо преговара да стане селектор и тоа во Африка

Само шест месеци откако е на клупата на Рома, Жосе Мурињо веќе размислува за својата следна тренерска авантура.

Според медиумите од Англија, Португалецот започнал преговори да биде предводник на репрезентацијата на Нигерија.

Претседателот на фудбалската федерација на оваа земја, Амају Пиник го посакува Мурињо на клупата, а вестите од Островото велат дека и имале состанок.

Останува да се види колку има вистина во сето ова, со оглед на тоа дека Жозе потпиша тригодишен договор пред почетокот на оваа сезона, и тоа со плата од шест милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести