Австралијскиот фудбалер Дани Ходџсон неколку месеци беше во кома, откако беше нападнат на улица. На почетокот на септември, Ходџсон бил удрен од еден 17-годишен тинејџер и паднал на улица. При падот, незгодно паднал со главата директно на бетонот и добил крварење во мозокот.
Благодарение на брзата лекарска интеревенција, Дани бил спасен и завршил во болница.
По неколку месеци поминати во болница и борба, семејството на Ходџсон добило одлични вести. Дани се разбудил, па дури му било дозволено да замине дома и Божиќ да го помине со најблиските.
напаѓачот бил фатен и тој го признал делото, но затоа што е малолетен не му го соопштуваат името. Сега напаѓачот ќе оди на суд, каде што се очекува да добие затворска казна.
Дани и неговото семејство за овој Божиќ добија вистинско чудо за радост.