Италијанецот Џанлуиџи Донарума од ПСЖ, Германецот Мануел Нојер од Баерн и Сенегалецот Едуард Менди од Челзи, се тројцата кандидати за голман на годината во изборот на ФИФА. Церемонијата на прогласување на најдобрите во светот на фудбалот за 2021 година ќе се одржи на 17-ти јануари во Цирих.
ФИФА утре ќе ги објави кандидатите за тренер на годината, а задутре ќе се објават тројцата номинирани кандидати за фудбалер на годината.
Во гласањето учествуваат капитените и селекторите на сите репрезентации во светот, плус по еден новинар од секоја земја, и навивачи преку сајтот на ФИФА. Вчера беа објавени трите најубави голови во 2021.