Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија.
На најдобриот светски рекет одбиена му е визата и не му дозволија влез во Австралија и во наредните часови мора да ја напушти државата.
По неколку часовна драма, Новак и неговиот тим им е наредено да ја напуштат Австралија.
Адвокатите на рекетот ќе достават жалба, но шансите се минимални за оваа одлука да биде променета. Ѓоковиќ е лишен од можноста да ја напаѓа 21-от гренд слем во кариерата, што ќе претставува рекорд.