ПСЖ нема магија кога не играат Меси и Нејмар

Кога во тимот на ПСЖ ги нема Меси и Нејмар, тогаш тимот ја губи магијата и тешко доаѓа до победа.

За волја на вистината, вечерва гостуваа кај Лион и одиграа 1:1 иако во своите редови беа без многу повеќе првотимци, отколку споменатите две мега ѕвезди.

Лион не е тим за потценување а тоа го покажаа и со голот на Лукас Пакета во седмата минута, додека конечниот резултат го постави Тимо Кеер во 76-та минута.

Со овој бод, ПСЖ стигна до бројката од 47 и останува убедливо на првото место во Лига 1, пред второпласираните Ница и Олимпик Марсеј кои имаат по 36 бода.

- Оглас -

Најнови вести