Удинезе се жали за мечот со Аталанта – Имаа 12-мина позитивни на ковид, уште еден фудбалер играл заразен

Удинезе поднесе жалба до раководството на Серија А за мечот против Аталанта, за кој бараше да биде одложен поради 12 случаи во тимот со позитивни тестови на ковид-19.

Сега е објавено дека уште еден фудбалер по мечот со Аталанта има позитивен тест, а настапил на дуелот што се играше викендов на „Дачија арената“ во Удине.

Гостите од Бергамо победија убедливо со 6:2, а домаќините одлучија да поднесат жалба.

Случајот е многу интересен и локалните здравствени власти објавија дека екипата на Удинезње треба комплетно да биде во карантин, но раководството на Серија А има поинакви правила.

Според нив, сè додека клубот има најмалку 13-мина професионални играчи, вклучувајќи и најмалку еден голман, а не се позитивни на корона-вирус, мора да игра, без разлика на хендикепот и премногу заразените од ковид-19.

На мечот меѓу Удинезе и Аталанта поради повреда во таборот на домаќините во составот го немаше Илија Несторовски.

 

- Оглас -

Најнови вести