Не е нормално дека некој фрлил вакво нешто и го погоди фудбалерот директно во глава (Видео)

Синоќешниот дуел меѓу градските ривали Бетис и Севилја не го дочека ниту крајот на првото полувреме, откако се случи немил инцидент. Дуелот кој требаше да го даде патникот во следната фаза од Купот на Шпанија, беше прекинат, откако играчот на Севилја, Џордан, беше удрен со тешка прачка директно во главата.

Инцидентот се случи непосредно по погодокот на Фекир и тоа директно од корнер, кога Бетис израмни на 1:1. Веднаш потоа од трибините каде што се навивачите на Бетис беше фрлен опасниот предмет, кој заврши директно во главата на Џордан.

Играчот на Севилја неколку минути не можеше да стане, а потоа со помош на лекарите го напушти теренот. Во целата оваа несреќа, добро е што овој удар не беше многу поопасен, затоа што дефинитивно тоа е оружје со кое може да се нанесат и смртонесни повреди.

Освен немилиот настап, мечот ќе се памти и по феноменаниот гол на Фекир од корнер, кој може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести