Хаос на градското дерби: Гол од корнер, а потоа нокаутиран фудбалер со тврд предмет фрлен од трибините (Видео+Фото)

Грљдското дерби меѓу Бетис и Севилја е во прекин. Дуелот од Купот на Шпанија е прекинат пред крајот на првото полувреме, откако со тврд предмет фрлен од трибините (метална прачка), беше нокаутиран еден фудбалер на Севилја.

Џордан беше удрен и потоа остана да лежи на тревата, а на крајот со помош на лекарите замина од теренот.

Фудбалерите на Севилја веднаш потоа се повлекоа од теренот и останува да се види што ќе се случи со овој куп меч.

Инаку, до прекинот, средбата беше одлична, а двете екипи дадоа по еден гол. Папу Гомез погоди за водствона Севилја, а потоа Фекир со мајсторски директно од корнер израмни на 1:1.

- Оглас -

Најнови вести