Ѓоковиќ загуби на суд: Одлуката е 3:0 во корист на државата Австралија!

Судот во Австралија одлучи дека Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од Австралија опен оваа година и дека тенисерот треба да биде депортиран.

По неколкучасовното сослушување, Судот составен од трите члена, едногласно со 3:0 реши дека визата на најдобриот тенисер во светот треба да биде поништена и Ѓоковиќ нема да игра на Гренд слем турнирот во Мелбурн.

Србинот мора да ја напушти земјата!

По читањето на одлуката, судијата реши дека е потребна нова пауза од половина час.

Комплетното неколкучасовно излагање на двете страни за време на вториот судски процес, може да го прочитате ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести