Познато е кога Новак ќе го има првото обраќање по целата оваа драма во Австралија

Од почетокот на годината, Новак Ѓоковиќ минуваше низ вистинска драма за тоа дали ќе настапи на овогодишното отворено Тениско првенство на Австралија.

Како што е познато, најдобриот светски рекет е депортиран и тој треба рано изутрина, по околу 05 часот по локално (02 по македонско) време да слета во Дубаи.

Иако не е познат неговиот план за тоа каде ќе игра, Новак најверојатно ќе земе двонеделна пауза, односно додека не заврши гренслемот во Мелбурн.

Воедно тогаш Новак ќе го има првото обраќање кон јавноста за сето тоа што се случи и дали планира да продолжи да ја води правната битка против државата.

Сè дотогаш ќе остане непознаница, а светската тениска јавност, особено таа од Балканот со нетрпение го очекува обраќањето на Ноле, кој требаше да го нападне 21-виот рекорден гренслем во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести