Аморим требаше да го наследи Клоп, на крајот ќе заврши на „Стемфорд бриџ“

Актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморин, повеќе од сигурно е дека следната сезона ќе води тим од Премиер лигата, но тоа нема да биде Ливерпул, туку Челзи.

Според португалските медиуми, челниците на Сините започнале преговори со агентите на Аморим за можноста Португалецот да го наследни Маурисио Покетино на клупата на Челзи.

Сините, исто како Вест хем минатата недела, испратиле приватен авион по Аморим со цел да ги забрзаат преговорите, а згора на тоа подготвени се веднаш да платат 20 милиони евра за тренерот кој со Спортинг Лисабон е пред освојување на титулата во португалскиот шампионат.

Аморим пред некое време се поврзуваше и со клупата на Ливерпул како идеален наследник на Јирген Клоп, но управата на Црвените предводена од директорот Мајкл Едвардс се одлучи актуелниот тренер на Феенорд, Арне Слот, да ја води екипата од следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести