Аталанта и Интер одиграа 0:0 во рамките на дербито до 22-рото коло во Серија А.
Иако немаше погодоци, сепак, и двата тима имаа голем број шанси, но одличните Самир Хандановиќ и Хуан Мусо имаа своја вечер и не дозволија да биде затресена мрежата.
Ова е прв натпревар сезонава Интер да не постигне гол во Серија А, со што сега актуелниот првак има 51 погодок и 50 освоени бодови, со што е на првото место. Аталанта, пак, сега има 42 бода.
Милан со победа утревечер над Специја има шанса да се врати на првото место, но и ќе има натпревар повеќе.