Фиотентина направи мал подвиг на „Сардења арена“ и успеа да избегне пораз во ситуација кога имаше негатива од 0:1 против Калјари и играше со фудбалер помалку на теренот.
Премиерниот меч за денеска од 23. коло во Серија А заврши 1:1, а мина и во знакот на утките од белата точка.
Бираги промаши пенал за Фиорентина во 8. минута при резултат 0:0, а потоа гостите се спасуваа од пораз.
Жоао Педро со гол му донесе предност на Калјари од 1:0, потоа беше исклучен Одриозола, а Педро промаши пенал за домаќините и пропушти шанса да му донесе бодови на својот тим.
Казната ја испорача Сотил со израмнување на 1:1 во 75. минута, па мечот заврши без победник.
Фиорентина играше без најдобриот стрелец во Серија А, Душан Влаховиќ, кој има Ковид, но и речиси сигурно ќе замине во Јувентус, или Арсенал во овој преоден рок.