Англичаните се потсетија на времето кога херојот на Реал играше во Премиер лигата за Стоук (Фото)

Сите беа изненадени, дури и подбив гледаа на трансферот на Хоселу од Еспањол во Реал Мадрид. Флорентино Перес го донесе 34-годишниот напаѓач како замена за Карим Бензема, а со двата гола против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, Хоселу уште еднаш докажа дека ја оправда довербата која му беше укажана од Флорентино Перес.

Веројатно малкумина се сеќаваат дека Хоселу во еден период од својата кариера настапуваше за екипата на Стоук, која тогаш беше предводена од голманот Шеј Гивен, а најголеми ѕвезди беа Бојан Кркиќ и Марко Арнаутовиќ. Англичаните се потсетија на тој период и со пофалби говорат за шпанецот, кој и не се прослави баш во периодот кога беше во Стоук, бидејќи на 27 натпревари постигна само четири гола и никој не ни помислуваше дека еден ден ќе игра за Реал Мадрид.

Составот на Стоук од последниот меч на Хоселу против Вест хем:

Хоселу во својата кариера настапуваше за: Селта Виго, Реал Мадрид Кастиља, Хофенхајм, Ајнтрахт Франкфурт, Хановер, Стоук, Депортиво ла Коруња, Њукасл, Алавес, Еспањол и сега за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести