Халеп во „аут“, Медведев потешко од очекувањата до четврт-финале на ОП на Австралија

Данил Медведев, еден од најголемите фаворити за освојување на титулата на Отвореното првенство на Австралија, потешко од очекувањата, со 3:1 во сетови го совлада Максим Креси.

Русинот, кој важеше за голем фаворит, се пласира во четврт-финалето, како што и планираше, но дури по два тај-брејка и еден изгубен сет и 6:2, 7:6 (7:4), 6:7 (4:7) и 7:5.

Во наредната фаза, Русинот ќе игра против Фелис Агуер Алиасим, кој го победи Марин Чилиќ.

Најдобриот хрватски тенисер немаше сили за изненадување против деветтиот носител и загуби со 6:2, 6:7 (7:9), 2:6 и 6:7 (4:7).

Симона Халеп, која важеше за 15-ти носител на овој гренслем, сензационално загуби од Ализ Корне во осминафиналето со 4:6, 6:3, 4:6 и со тоа го заврши својот настап во поединечниот дел.

Во овие моменти на терените на ОП на Австралија се игра мечот меѓу Алекс де Минаур и Јаник Синер, а по првиот сет водство има Италијанецот, кој го доби со тај брејк од 7:3 во поени.

Од 09:45 часот на главниот терен играат Тејлор Фриц и Стефанос Циципас, со што ќе се затвори денешната програма.

- Оглас -

Најнови вести