Динамо Загреб и Барнли се блиску до договор за трансфер на Мислав Оршиќ, а според хрватските и англиските медиуми, двата клуба се сè поблиску до договор.
Барнли, кој моментно е последен во англиското првенство, од втор обид сепак ќе успее да го купи одличниот офанзивец на Динамо и репрезентативец на Хрватска.
Првата понуда на премиерлигашот Динамо експресно ја одби, но сега е на прагот да го продаде 29-годишниот офанзивец.
Оршиќ има актуелен договор со Динамо до 2025 година и плата од 800 илјади евра годишно, а ако се пресели во Барнли, се предвидува дека ќе добива двојно поголема плата.