Кошаркарите на Црвена ѕвезда загубија дома од Монако во Евролигата со 80-91, а средбата во Белград имаше необичен тек.
Српскиот првак ја доби првата четвртина со 30-19, по првото полувреме имаше предност од десет поени разлика, но по паузата, улогите на теренот целосно се сменија и Монако беше многу подобар тим. Нападот на Ѕвезда веќе не беше толку убиствен, па не само што белграѓани загубија, туку загубија со двоцифрена разлика.
Монако е осми на табелата и се бори за влез во плејофот.