Каков е режимот во Пекинг за единствената невакцинирана олимпијка? (Фото)

Зимските олимписки игри во Пекинг почнаа денеска, а во тек е и свеченото отворање на големиот светски спортски настан што ќе трае до 20 февруари.

Организаторите објавија податок дека на ЗОИ ќе учествуваат 2.900 спортисти и само Швајцарката Патриција Кумер не е вакцинирана.

Кумер мораше да биде во изолација три седмици во Пекинг и го мина периодот за задолжителен карантин во Кина, но сè уште е под строг режим.

Сноубордерката од Швајцарија може само да тренира на снег и да се натпреварува, а останато време е изолирана во својата соба во олимпискиот комплекс во Пекинг.

„Имам своја причина што не сакам да ја откријам зошто не сум ваквинирана. Не сум антиваксер, но уште минатото лето одлучив да не се вакцинирам. Сега сум изолирана во мојата соба и можам да одам само на тренинг и потоа и да се натпреварувам. Ми носат храна во соба, немам контакт со никого и ме тсетираат двапати дневно“, вели 34-годишната Кумер.

 

- Оглас -

Најнови вести