Спектакл на Кинезите, се слави првиот ден на пролетта и свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг (Видео+Фото)

Познатиот режисер Џанг Јимао, кој е потписник на култни филмови, меѓу нив и The Great Wall приреди спектакл на свечената церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг денеска од 13 часот.

Јимоу ја имаше главната улога во сценариото за истиот настан во 2008 година, кога во „Птичјото гнездо“ беа отворени Летните олимписки игри, а и тогаш и денеска имаше спектакуларна церемонија, една од најубавите во олимпиското движење.

Во Кина се слави првиот ден на пролетта, а олимпиското движење ги слави новите зимски олимписки игри што почнаа денеска, а ќе завршат на 20 февруари.

Македонија има тројца претставници, Ана Цветановска и Ставре Јада во крос-кантри и Дардан Дехари во алпските дисциплини.

https://twitter.com/eurosport/status/1489574140390658048?s=20&t=uRRwjgIp8LbCECTnAKC15w

Токму Дехари е знаменосец на свечената церемонија на свеченото отворање на Игрите, што почна во 13 часот и ќе трае до 15 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести