И тој веќе не го сака – Дурант побегна од Брадата и го одбра Гобер, Леброн Џејмс прсна од смеење (Видео)

Кевин Дурант и Леброн Џејмс ги одбраа своите олстар-состави, а најинтересниот момент се случи на крајот, кога се бираа двете последни резерви.

Во игра останаа Џејмс Харден и Руди Гобер и прв право на избор имаше Дурант. Харден до вчера му беше соиграч во Бруклин нетс, но си замина во Филаделфија, па сега и Дурант не го избра, туку се одлучи да го вклучи во својот состав центарот на Јута.

Целата ситуација беше комична, а Леброн Џејмс почна да се смее уште пред да почне објаснувањето на Дурант зошто не Харден, туку Гобер е неговиот последен избор за резерва во тимот.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1491927440481931268?s=20&t=wTwhkrb7m5YTa__HBaXRtg

За тимот на Дурант стартната петорка ја сочинуваат: Тре Јанг, Џа Морант, Џејсон Тејтум, Ендрју Вигинс и Џоел Ембид. Дурант нема да игра поради повреда.

Резерви се: Ла Мело Бол, Девин Букер, Зак Лавињ, Крис Мидлтон, Дејонте Мареј, Карл-Ентони Таунс и Руди Гобер.

Леброн Џејмс е капитен на олстар-тимот, во кој покрај него, стартери ќе бидат и Стефон Кари, Демар де Розан, Јанис Адетокумбо и Никола Јокиќ.

Резерви се: Лука Дончиќ, Дариус Гарланд, Крис Пол, Џими Батлер, Донован Мичел, Фред Ван Флит и Џејмс Харден.

Олстар-мечот ќе се игра во Кливленд на 20 февруари.

https://twitter.com/TrashTalk_fr/status/1491925402813612036?s=20&t=wTwhkrb7m5YTa__HBaXRtg

- Оглас -

Најнови вести