Експертите за овој викенд се од Скопје, два тикети со над 8.000 евра добивка

Со уплата само од 20 денари, еден играч во Sport Life во саботата направи тикет од 13 пара, кој на крајот се покажа како перфектно точен, па затоа исплатата е 170.470 денари.

Тактиката на овој обложувач била иста на сите 13 парови. Игра на конечен фикс, најчесто победа на домаќинот и во второто полувреме од мечот да падне барем еден гол.

ПАНДЕВ ТВОРЕЦ НА ПРЕСВРТОТ, АТЛЕТИКО ПОГОДИ ВО 89-ТАТА МИНУТА СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ

Мечевите се од различни лиги, а интересно е дека на „чело“ на тикетот е дуелот Парма – Пордононе, на кој гостите водеа на полувреме со 0:1, но откако во тимот на Парма влезе Горан Пандев, се случи пресврт. Токму Пандев погоди за 1:1, а потоа домаќините стигнаа до убедлив триумф од 4:1.

Волфсбергер со 2:1 го победи Риед, а погодокот за победа домаќините го постигнаа на почетокот на вториот дел. Авелино во Серија Ц со 2:0 славеше над Монтероси, а домаќините по еден гол дадоа во двете полувремиња.

Единствената двојка е на Витесе – ПСВ, а гостите беа убедливи со 5:0. Во вториот дел „паднаа“ два погодоци. Драмата е на мечот Атлетико Мадрид – Хетафе. Во првото полувреме беа постигнати шест гола (3:3), а во вториот дел иако Јорганџиите беа со фудбалер помалку по исклучувањето на Фелипе во 55-тата минута, домаќините постигнаа гол за 4:3, и тоа во 89-тата минута.

Лацио немаше проблеми против Болоња и победи со 3:0, а домаќините дадоа гол и во второто полувреме, а слична беше ситуацијата и на Евертон – Лидс во Премиер лигата, каде што домаќините се радуваа со 3:0. Мидлсбро со 4:1 го победи Дерби, но драмата беше во вториот дел, кога домаќините дури во 89-тата минута погодија за да го постават конечниот резултат, откако на полувреме беше 3:1.

Вкупно со 13 среќни парови и само 20 вложени денари, добивката на овој тикет уплатен во Беверли Хилс е речиси 3.000 евра.

АЕРОДРОМСКИ СТРУЧЊАК СО САМО ОСУМ МЕЧА СИ ЗАРАБОТИ 359.440 ДЕНАРИ 

Со игра на голови и по некој фикс, тикет уплатен во Аеродром, и тоа само на 100 денари, донесе добивка од 359.440 денари. Три меча се одиграни да има 1-2 гола во прво и 1-2 гола во второ полувреме. Два меча се фатени од 3-4 погодоци (Тренчин – Похроние 3:0 и Лацио – Болоња 3:0), а еден е погоден дека ќе има 2-3 гола (Леганес – Сарагоса 2:1).

Без грешка е погоден и нерешениот резултат на Кајзерслаутерн и Магдебург (2:2) во Германија, како и лесната победа на Евертон против Лидс за 1-1&3+.

 

- Оглас -

Најнови вести