Ќе има голеада на спектаклот од Лигата на шампионите во Париз

6005 ПСЖ – Реал Мадрид (Лига на шампиони, 21:00 часот)

Лигата на шампионите од вечерва се враќа во својот полн сјај со два натпревари на програмата кои се играат од 21 часот.

Секако дека многу поинтересен ќе биде првиот осминафинален меч меѓу ПСЖ и Реал Мадрид кој ќе се игра во Париз. Едноставно, нема потреба да се говори за напаѓачките способности на двете екипи бидејќи од едната страна ќе ги има Лионел Меси и Килијан Мбапе, а од другата Винисиус Жуниор и Карим Бензема.

Французинот беше под знак прашање поради повреда на колкот, но според последните информации, тој ќе биде во стартната постава. Сето ова е одлична најава за спектакуларен натпревар.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.92)

 

6006 Спортинг Лисабон – Манчестер сити (Лига на шампиони, 21:00 часот)

Втората вечерашна средба се игра во Лисабон, каде што ќе се сретнат прваците на Португалија и Англија. Манчестер сити е огромен фаворит на овој двомеч, па и на средбата од 21 часот и ќе се обиде уште вечерва да го реши прашањето околу победникот.

Ретко кој очекуваше дека Спортинг ќе ја мине групата со Ајакс, Борусија Дортмунд и Бешикташ и самиот ваков пласман претставува своевидно чудо.

Педро Гончалвеш нема да настапи за Спортинг, додека Џек Грилиш и Кајл Вокер нема да бидат дел од оваа средба, а Габриел Жесус е неизвесно дали ќе закрепне од повредата.

Предлог тип: 2-2 (1.87)

 

1001 Манчестер јунајтед – Брајтон (Премиер лига, Англија, 21:15 часот)

И во Премиер лигата вечерва се игра еден меч, а на теренот ќе истрчаат Манчестер јунајтед и Брајтон. Црвените ѓаволи се во очајна форма и на три едноподруго натпревари поведуваат со 1:0, а на крајот нивните средби завршуваат 1:1.

Тоа во ФА купот ги чинеше и испаѓање од Мидлсборо, со што дополнително се продлабочи кризата.

Брајтон игра без никаков резултатски притисок бидејќи е безбеден на деветтото место со 33 бода, а добро познато е дека таквите тимови се најопасни. Со оглед на катастрофалната одбрана, домаќините ќе примат најмалку еден гол во својата мрежа, но исто така ќе бидат и ефикасни.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.35)

 

1011 Милвол – Квинс парк ренџерс (Чемпионшип, Англија, 20:45 часот)

По долги години, КПР е еден од конкурентите за влез во Премиер лигата бидејќи во моментов има 52 бода и се наоѓа на четврттата позиција.

Додека, пак, Милвол со своите озогласени навивачи се наоѓаат под број 15 со 40 бодови зад своето конто. Интересен е податокот дека на сите последни пет натпревари, двете екипи постигнувале најмалку по еден гол, а еден од нив заврши дури и со седум.

Чемпионшип не познат по тоа што паѓаат многу голови, но дуелите на овие две екипи го говорат токму спротивното.

Предлог тип: ГГ (1.87)

 

1025 Виган – Кру (Лига 1, Англија, 20:45 часот)

Некогашниот премиерлигаш е на добар пат да се врати во Чемпионшип лигата, а со победа вечерва ќе го зацврсти второто место со 62 бода.

Напред е екипата на Ротерам, која сигурно чекори со 69 бодови, а како што е добро познато, директен пласман во втората лига на Англија обезбедуваат најдобрите две екипи од Лига 1.

Кру има само 22 бода, со што е на делба на претпоследното место и голема е веројатноста дека овој тим од наредната сезона ќе го гледаме во уште еден понизок ранг од лигите на Англија.

Предлог тип: 1&3+ (1.93)

- Оглас -

Најнови вести