Малку фалеше да добие неверојатни 10 милиони денари, но одлични се и „утешните“ 100.000

Втората етапа од популарната акциска игра на Sport Life „До 50 шанси за 100.000 денари“ беше навистина неверојатна. Во периодот од 7 до 13 февруари, трката за главната премија од 100.000 денари беше неверојатна, а на крајот најдобар беше Ѓоко М. кој имаше погодено 45 натпревари на тикетот со максимални 50 одиграни дуели.

Тикетот носеше максимални 10 милиони денари и малку фалеше да стигне до максималната добивка. Од 50 парови, промашено беше дека Челзи ќе даде два гола против Ал-Хилал, дека на Бешикташ – Ѓозтепе ќе има барем по еден гол во двете полувремиња, како и тоа да има 1-3 погодоци во вториот дел на мечот Престо – Хадерсфилд. Киксевите беа и на Цулте Варегем – Остенде и Оливеира Хоспитал – Сетубал, каде што требаше да има барем по еден гол во првото полувреме, но по 45 минути на овие средби беше 0:0.

Останатите 45 парови на тикектот со вкупен коефициент од 588.106 беа погодени, па како „утешна“ му е премијата од 100.000 денари што ја дава Sport Life во оваа популарна акциска игра.

ВО ВТОРАТА ЕТАПА ДУРИ ЧЕТВОРИЦА БЕА ПОДОБРИ ОД НАЈДОБРИОТ ВО ПРВАТА ЕТАПА

Зад најдобриот Ѓоко се најде Антонио Г., кој исто така имаше 45 погодени мечеви, но неговиот вкупен коефициент изнесуваше 300.944, што е помалку од првопласираниот. Антонио добива месечно обложување со вредносни ваучери од 100 денари секој ден.

Третопласираниот Злате И. имаше 44 погодоци и за него следува месечно обложување со вредносни ваучери од 50 денари секој ден. Со 44 погодоци беше и четвртиот Јане Г., но тој остана без подарок затоа што имаше помал вкупен коефициент од Злате.

За тоа колку се разжешти трката во „50 шанси за 100.000 денари“ покажува и фактот дека во првата етапа, Димитар Младеновски до првото место стигна до 43 погодени натпревари, а сега и со 44 погодоци не може да се биде во Топ 3.

Тоа е само доказ дека обложувачите се сè поблиску до максималната исплата од 10 милиони денари.

Во тек е третата етапа која трае до 20 февруари и сега е вистинско време да се вклучите во оваа акциска игра. Сите детали околу играта „до 50 шанси за 100.000 денари“ може да ги најдете тука.

- Оглас -

Најнови вести